Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Премногу е предавства од владата на СДСМ, нема да прифатиме договор со Бугарија, кој е штетен за Македонија

Премногу е предавства од владата на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор со Бугарија, кој е штетен за Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор со Бугарија кој е на штета на македонските позиции, владата нема легитимитет да преговара. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор во кој нема да учествува како најголема политичка партија во Македонија.

Преговорите не смеат да се водат на штета на македонските интереси, јазик, идентитет и историја. Бугарија треба да покаже европски вредности, и да го тргне ветото, за Македонија без одложување да ги почне преговорите со ЕУ.

СДСМ не знае како да ја води државата. Со СДСМ Македонија ниже само понижувања. Премногу е! Протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада“ се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК