Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски ја погази Резолуцијата за македонските позиции во однос на Бугарија

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Ова е Резолуцијата за македонските позиции, во контекст на блокадите на нашата интеграција во ЕУ, донесена во македонското Собрание и поддржана од сите партии.

Оваа Резолуција за македонските позиции во однос на Бугарија ја погази Христијан Мицкоски.

Во оваа Резолуција за македонските позиции, под број 4, јасно стои дека процесот за евроинтеграција на нашата држава мора да продолжи со, цитирам „уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите“.

На ниту едно место во оваа резолуција не стои дека Северна Македонија нема исполнето некој критериум за членство. Напротив, и името на самата Резолуција покажува, се однесува на блокадите на нашата интеграција во ЕУ, од страна на Бугарија.

Сосема спротивно од Резолуцијата за македонските позиции, Мицкоски на Конгрес на ЕПП прифатил Резолуција каде во еден дел е вграден ставот на Бугарија.

Тоа е тврдењето во дел од Резолуцијата на ЕПП дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

Република Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на преговорите со ЕУ а нивното незапочнување е само поради блокадите на Бугарија.

Дури и со одлука на Европскиот совет е потврдено дека ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите. Тоа е факт признаен и потврден од сите.

Зошто Мицкоски прифатил усовјување Резолуција од ЕПП со ставови на Бугарија, спротивно на македонските позиции и македонската Резолуција, усовоена во нашето Собрание?

Ова е прашање од врвен национален интерес и ваков чекор на Мицкоски кој ги поткопува државните позиции во однос на Бугарија, е еднакво на предавство на националните интереси.

Два дена лажниот патриот Мицкоски се крие, нема одговор ниту од него ниту од Белата палата зошто на Конгрес на ЕПП прифатиле Резолуција со ставови на Бугарија.

Го повикуваме да излезе пред граѓаните и да одговори, зошто прифатил резолуција спротивна на македонската Резолуција за македонските позиции?

Зошто Мицкоски и го направи ова на сопствената земја и сопствениот народ?

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +