Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

157 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 157 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 71 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 86 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ЗИМАТА, ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +