11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ во прегратка со Абазовиќ: Иницираме регионална соработка, знаеме како до позитивни промени во нашите земји

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ:

🚩 Важни дискусии се водат последните месеци, за најважните прашања за Европа: Војната во Украина, безбедноста и стабилноста на Европа и импактот на војната врз перспективата на Западен Балкан.

📌 Самитот на Демократијата во Југоисточна Европа, посветен на „Војната во Европа: Влијание на Балканот“, во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), започна со кратки изјави за медиумите.

💭 Истакнав дека руската агресија во Украина даде можност Европската Унија да ја потврди својата цел, дека е европски проект, исполнет со мир, демократија и безбедност, проект за просперитет, за економски развој и соработка.

Вистински и реален момент е ЕУ да демонстрира лидерство, лидерство во Украина, но и лидерство во Западен Балкан. Време да се започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија. Испорачавме сите заедно со важни и тешки реформи, иницијатори сме на регионална соработка да покажеме дека можеме да функционираме на темелите на европските вредности и знаеме како да направиме позитивни промени во нашите земји.

📌 Верувам дека ќе имаме конструктивна и плодна панел дискусија на тема: „Променливата политичка и безбедносна динамика во Западен Балкан“, заедно со премиерот на Црна Гора Dritan Abazović, претставникот на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Курт Волкер, поранешен САД амбасадорот во НАТО и поранешен специјален претставник за Украина, и Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Спонзорирано: