8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Денеска не излегувајте без чадор – следува невреме

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште и Струмица, 43 литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Тополчани, Демир Капија и Гевгелија, еден литар на единица површина.

Според УХМР, до осум часот утрово се измерени и 34 литри воден талог во Тетово, 22 литра во Прилеп и Пожаране, 17 во Скопје Петровец, 14 на Попова Шапка, 13 во Крива Паланка и Лазарополе, 10 во Скопје Зајчев Рид и Дебар, 8 во Берово и Маврово, 5 во Штип, 4 во Битола и Виница, како и 2 литра во Охрид, Крушево и Дојран.

Утрово во голем дел од земјава е сончево, а долж Повардарието има значителна ниска облачност или магла. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се движи од 24 до 31 степен, УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје утрово е значително облачно, а во текот на претпладнето, како што информира УХМР, облачноста ќе се намали. Попладне во повисоките периферни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен
правец. Максималната температура ќе достигне 28 степени.

Можеби ќе ве интересира

Авион веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром се судрил со јато птици по што се вратил и безбедно слетал

ДЕСК

Жената го прободе сопругот, а тој претходно ја фатил за врат – драматична ноќ во Македонија

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млад скопјанец со автомобил удрил во бетонска жардињера, со болничка е пренесен во градска

ДЕСК