Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Забрчанец: „Отворен Балкан“ ги олесни граничните контроли и процедури, стоките патуваат десет пати побрзо

„Отворен Балкан“ е регионална иницијатива за соработка за да си го направиме подобар животот, пред се преку слободен проток на луѓе, стоки и услуги. Станува збор за подобри односи помеѓу самите држави. Да илустрирам со пример, камионите кои транспортираат одредена стока не чекаат долго по граници и на контролни пункови, туку поминуваат многу поедноставно и побрзо. Ние и веруваме на контролата на Албанија и на Србија, а тие и веруваат на нашата контрола. Ако камион со лубеници од Албанија треба да патува кон Србија ќе биде проверен еднаш или ниеднаш. Ако на тој камион му требале 30 часа да ги мине сите процедури и контроли и гранични точки, сега тоа се прави далеку побрзо и поефикасно, за само неколку часа.“- изјави Марјан Забрчанец, национален координатор за „Отворен Балкан“, во вестите на Сител.

„Сега сме во фаза на подготвка на софтвер, истото го прават и Србите и Албнците. Секој граѓанин што има потреба да работи во дрга држава, ќе биде исто слободно, ќе паднат работните дозволи и ќе си ги признаваме дипломите без нострификација. Ако некоја албанска фирма има преставништво во Скопје нема потреба да вади работни дозволи за своите вработени што доаѓаат од Албанија. Имаше некои информации дали на овој начин младите ќе заминат во другите земји, секако дека не, проценките се дека ова ќе е взаемен процес од кој полза ќе имаат трите држави.“- дополни Забрчанец.

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА 40 МИНУТИ ГИ ЛОЦИРА И ФАТИ КРАДЦИТЕ: Украдените мобилни телефони, пари, новчаници од автобус кој носеше деца на ексурзија се вратени кај учениците и професорите

ДЕСК

Скопјанец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете – Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош

ДЕСК

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК