Centar.mk
perokostadinov
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: Наместо да ги блокираат процесите за подобар живот, ВМРО ДПМНЕ да станат одговорни

„Сите политички чинители и пратеници мора да се однесуваат на висина на задача на која се избрани. Не смее да има девалвација на функцијата пратеник. Пратениците мора да внимаваат како се однесуваат, бидејќи од нивото однесување во голема мера зависи каков систем ќе имаме“ рече потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Валандово, Перо Костадинов во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека законодавниот дом мора да го претставува највисокото ниво на демократија и во дискусијата со Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ потсети дека не смееме да дојдеме како општество во ситуација кога беше нарушуван уставниот ред и поредок на државата и кога беа тепани пратеници.

„ВМРО-ДПМНЕ блокираше еден куп закони кои беа добри за граѓаните, а се блокираа дури и ковид-пакети. Токму од опозицијата беа блокирани и одредени закони за унапредување на процесите на децентрализација на локалните самоуправи“ рече Костадинов.

Тој додаде дека важно е да се биде принципиелен и да не се лажат граѓаните со слаткоречивост, бидејќи тие се уморни од реториката.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК