8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Неколку француски градови делат бонови за храна

Неколку француски градови почнаа да делат ваучери за храна како компензација на жителите за зголемените цени на храната.

Како што се наведува во додатокот на ТВ каналот Франс 2, на граѓаните им се доделуваат ваучери во вредност од пет, 20 и 30 евра. Градските администрации досега потрошиле околу 37 милиони евра за издавање купони и сертификати, како и за други мерки за поддршка на населението, јавува Раша тудеј.

Владата во Париз се уште нема донесено уредба за доделување на овие субвенции, но градоначалниците на некои француски градови одлучија сами да воведат бонови за храна, без да чекаат официјална владина одлука.

Идејата за дистрибуција на ваучери за храна за домаќинствата со средни и ниски приходи беше предложена од францускиот претседател Емануел Макрон и беше дискутирана долго пред претседателските избори. Приближно осум милиони француски граѓани ќе имаат право на ваков вид поддршка.

Инфлацијата во Франција, како и во сите земји во светот, расте, поттикната од зголемените цени на храната и енергијата. Експертите предупредуваат дека растот на цените и слабиот економски раст може да доведат до стагфлација во земјата.

Можеби ќе ве интересира

Курсна листа за 8-ми октомври 2025

ДЕСК

Средба на министерката Божиновска со австриската министерка Клаудија Плаколм и раководството на ЕВН Македонија

ДЕСК

Австриската сојузна министерка Клаудија Плаколм во работна посета на ЕВН Македонија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.