Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Изгоре уште еден мерцедес во движење на патот Тетово – Скопје

На регионалниот пат Тетово- Скопје кај Желино вчера во пожар изгоре возило мерцедес со тетовски регистарски ознаки. Огнот во возилото започнал додека автомобилот бил во движење, а при тоа возачот не бил повреден.

-Во 15 часот и 40 минути, во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Скопје, по кое се движело, настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.Ф.(18) од тетовска Палатица.

Нема повредени лица, а со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран, информираше СВР Тетово.

Од пожарната информираа дека интервенирале две екипи со вкупно пет пожарникари.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК