Centar.mk
ТЕМАМОЗАИКТЕХНОЛОГИЈА

ИНСТАГРАМ ДОБИВА НОВ ИЗГЛЕД – Еве какви промени доаѓаат на најпопуларната социјална мрежа

Најпопуларната социјална мрежа доби нов изглед.

Инстаграм добива ново „визуелно освежување“ и тоа ќе важи за новото лого, фонт и маркетинг распоред на цел екран. Според компанијата, новиот дизајн ја става содржината во центарот со фокус на едноставноста и самоизразувањето.

Гардиент
За новото лого, Гардиент, се користеше иновативен процес на 3D моделирање за да се направи поживописен.

– Возбудени сме што можеме да го оживееме искуството на Инстаграм, преку енергијата на нашиот повторно замислен гардиент – се вели во соопштението на компанијата.

Нов фонт: Инстраграм Санс
За време на дизајнот на Санс, целта беше фонтот да се направи глобално достапен, а тоа беше постигнато во партнерство со јазични експерти ширум светот, со цел социјалната мрежа да се прилагоди на глобалните скрипти, вклучувајќи арапски, тајландски и јапонски.

– Инстраграм Санс е инспириран од дизајнерските елементи, кои нашата заедница ги гледа секојдневно, со нашето лого и натпис. Нашиот нов фонт го нагласува нашиот посебен идентитет. Новиот фонт ќе биде дел од Инстаграм Сторис и Рилс – заклучија од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

ПАРИТЕ ДОАЃААТ ОД СИТЕ СТРАНИ: Ѕвездите избраа три знаци кои ги чека невиден луксуз во 2026-та

ДЕСК

Вистината излегува на виделина: Дневен хороскоп за 21 декември 2025

ДЕСК

Судбината тропа на врата: Што ве очекува на 20 декември

ДЕСК