Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Маричиќ: Никој не ги симнал бариерите во регионот како „Отворен Балкан“

„Идејата за отворен Балкан е добра идеја, за поголема соработка меѓу државите од регионот кои долго време не направиле ништо за намалување на бариерите, за олеснување на бизнисите и функционирање на економските оператори“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека ова е прва иницијатива која по долго време доаѓа автохтоно и искрено од државите од Западниот Балкан.

„Во иницијативата ‘Отворен Балкан’ треба да се вклучат сите држави од регионот кои сметаат дека имаме што да правиме заедно, без да се оптеретуваме со политичките прашања“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека прашањето за членството во ЕУ е долгорочна цел на сите земји, а иницијатива „Отворен Балкан“ е добра вежба на регионално ниво, но не и алтернатива за ЕУ или некаква утешна награда.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК