Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ во Собранието прави дефокус од неработењето на нивните градоначалници

„Поставувањето на услови за договарање на датум за избори за средба и разговор за проблемите е неодоговрно. ВМРО-ДПМНЕ сака да направи дефокус на тоа што реално се случува во општините кои се водени од градоначалниците на нивната партија“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека обидувајќи се да се тргнат од тоа што нивните градоначалници не испорачаа ништо и не реализираа ниту еден проект го официјализираат тоа што го правеа во Собранието цела година наназад.

„Дали дневниот ред ќе биде донесен во среда или петок не е важно, тој ќе е донесен. Собранието функционира и вака, но одолговлекувањето на процесите е на штета на граѓаните и сите нас“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ додаде дека граѓаните очекуваат дека важните процеси и закони ќе поминат час поскоро и дека на тој начин ќе се врати довербата во партиите и институциите.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија

C +

Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

C +

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

C +