Centar.mk
фото МНР
МАКЕДОНИЈА

Работна посета на министерот Муцунски на Француската Република

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз. Во рамки на посетата, ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата држава, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања.

Во рамки на посетата, предвидена е и средба со Жером Филипини, директор на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), при што ќе биде потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Националниот институт за јавни служби на Француската Република.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК

ОСУМ МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ВОЗИЛО – Приведен 40-годишен албански државјанин

ДЕСК