Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четиринаесетгодишник со нож ѝ се заканувал на аптекарка, го одзел прометот и ја удрил со тврд предмет

Скопското обвинителство до кривичниот суд во Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка против дете поради разбојништво.

На 23 мај, 14-годишното дете, влегло во аптека на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „дијазепам“.

Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож.

Потоа ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети.

Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ѝ нанело телесна повреда.

Вработената побарала помош од случајни минувачи кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полицијата.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата за деца да определи мерка притвор за детето во судир со законот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство и да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и поради фактот што веќе е евидентиран како сторител и на други кривични дела разбојништво за кои претходно определените мерки за помош и заштита не дале резултат.​​

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +