Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

88 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.05.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се девет мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

ДЕСК