Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: На денот кога ги славиме Светите браќа Кирил и Методиј рамноапостолни, се потврди вековната вистина на нашиот македонски народ

-Историска радосна вест објави српскиот Патријарх Порфириј дека Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА.
На денот кога ги славиме Светите браќа Кирил и Методиј рамноапостолни, се потврди вековната вистина на нашиот македонски народ, соопшти вицепремиерот Бојан Маричиќ
.
– После 55 години, сплотеноста е повторно онаа која ни дава мир и сила за да продолжиме напред. Со денешната радосна вест се прекршува долгогодишната изолација со која се соочуваше Република Северна Македонија.

Со денешното радосно решение, МПЦ – Охридска архиепископија станува неискоренлив дел во евхаристиското служење, општење и причестување со својата јерархија, клирот и народот, во големото трло на Православието. Со денешната вистина, се потврди автокефалноста на МПЦ – ОА.
Со голема радост и задоволство ја примив денешната вест и сакам да се заблагодарам на истрајноста, вербата, надежта и молитвите на свештенството, монаштвото, и верниот народ на МПЦ-ОА.

Негувањето на политиките на добрососедство и меѓусебното почитување носат решенија, единство и просперитетна иднина.
Имаме на што да сме горди, сега е време за радување, соопшти Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +