33.8 C
Скопје
4. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Бизнис

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува – Ова се новите цени

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 0,5 денари за литар, а на дизелот се намалува за 1 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 95 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 97 додека пак цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 85 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува, односно ќе се продава за 83,5 денари за литар.

Исто така, за 0,6 денари се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 55 денари.