Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Нема да отстапиме од европскиот пат, знаеме каква држава сакаме

„Северна Македонија не треба да отстапи од европскиот пат и тоа наше залагање треба да биде упорно затоа што ние знаеме зошто сакаме таму, зошто сакаме каква држава сакаме да изградиме и знаеме дека заслужуваме да бидеме членки на ЕУ“ изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека нашиот пат е јасен и секогаш бил јасен. Како што потенцираше Маричиќ патот до членството во НАТО беше тежок, но ние не се откажавме, па така ни сега нема да се откажеме од патот до ЕУ.

„Ние имавме десетгодишен застој со Грција па не се откажавме. Јас не велам дека треба да чекаме толку, напротив, времето е фактор кој не работи во интерес на државите од Западниот Балкан, Северна Македонија па и Бугарија, осоебно во оваа ситуација кога имаме војна на тлото на Европа“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека во ЕУ секогаш има желба за ново проширување, но дека нивната научена лекција е да бидат построги во неколку критериуми за да избегнат проблеми во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +