Centar.mk
ЛОКАЛНО

Викендов трето прскање против комарци на територијата на Скопје

Град Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 21.5.2022 (сабота) и на 22.5.2022 (недела), во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

Ова е трето прскање, второто се изврши во периодот од 17.5 до 20.5.2022 година , а првото на 29.4.2022 година, со што навреме почна овој процес.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

ДВА ДЕФЕКТА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА – Делови од Радишани и други скопски улици без вода

ДЕСК

ДЕНЕСКА ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО ПЕТ СКОПСКИ ОПШТИНИ – Проверете ги улиците и термините

ДЕСК

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

ДЕСК