Centar.mk
БИЗНИС

Регулаторите од регионот заедно ќе бараат решенија за менаџирање на водните услуги

Четири регулаторни тела од регионот меѓу кои Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Северна Македонија (РКЕ), Албанија, Косово и Црна Гора како и Асоцијацијата на Регулаторни тела на Европа за водни услуги (WAREG), во Тирана потпишаа Меморандум за соработка во областа на водните услуги.

Регулаторите се обврзаа и формално преку заедничка соработка да ја усогласат домашната регулатива со законите на Европската Унија.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, кој е воедно и потписник на Меморандумот посочи дека документот е резултат на досегашните заеднички билатерални програми за соработка во рамки на WAREG за зајакнување на институционалните капацитети на регионално ниво.

Делиме исти предизвици, а клучен постулат во нашата работа е на сите потрошувачи да им се обезбеди правото на вода, која треба да е високо квалитетна и достапна по тарифа која ќе гарантира и инвестиции во мрежата со цел да се намалат загубите посочи Бислимоски.

„Оваа фаза од процесот на реформи во секторот за води во нашите земји е неизбежна и од голема важност за да имаме доверливи, одржливи и економични системи за регулација на водните услуги. Последните податоци покажуваат дека немаме однос кон водата како природен ресурс и загубите на национално ниво достигнуваат до 60 % поради лошата инфраструктура и поради отсуство на инвестиции на јавните претпријатија. Секој пат кога се определува опсег на тарифа, советите на општините најчесто ја одбираат тарифата во чија структура степенот на инвестиции е на најниско ниво и подразбира базично одржување на мрежата. Ова е проблем со кој што сите се соочуваат и во регионот. Неопходно е да се објасни секој денар за што се троши и колку инвестиции се реализираат во комуналните претпријатија“ истакна Бислимоски, претседателот на РКЕ.

Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ЗА ГРАТИС КЛИМА ИНВЕНТЕРИ: Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима – започнува постапката за подигнување ваучери, рок 30 дена

ДЕСК

Гувернерот Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието

ДЕСК

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА РУШАТ РЕКОРДИ: Падна одлука во РКЕ – Дизелот поскапува за 6,5 денари, бензините за 7 денари

ДЕСК