Centar.mk
фото Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

На сметките на граѓаните преку МОЈ ДДВ легнаа 491 милиони за скенираните сметки од првото тримесечие

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека на сметките на граѓаните исплатени се вкупно 491,5 милиони денари по основ на вратен дел од ДДВ од скенирање на фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во првото тримесечје во оваа година. Средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во текот на изминатите месеци направиле корекции на трансакциските сметки и истите ги ажурирале во нивниот кориснички профил. УЈП апелира, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата ,,Мој ДДВ” со цел навремена исплата.

Крајната горна граница на исплата која граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ“ е 1.800 денари за едно тримесечје, или 7.200 денари годишно по лице.

Согласно статистиката на УЈП, во првите три месеци од годинава, односно од јануари до март 2022 година, скенирани се 73 041 591 фискални сметки. Интересот на граѓаните за користење на оваа мерка секојдневно расте, и само во првото тримесечје од годинава регистрирани се нови 15 777 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, а вкупниот број на регистрирани корисници на „Мој ДДВ“ досега изнесува 457 090 корисници.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК