22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Еве што ТОЧНО се случува во вашето тело ако пиете раствор од СОДА БИКАРБОНА

Веројатно сте слушнале за некои корисни ефекти на сода бикарбона, а науката потврди дека може да помогне или спречи опасните болести…

Истражувањата покажуваат дека ако пиете сода бикарбона, можете да ги ублажите тегобите и да го ублажите ревматоидниот артритис. Докажано е дека сода бикарбона позитивно влијае на намалување на воспалението во зглобовите. Пациентите кои пиеле сода бикарбона со вода по само 2 недели имале помалку клетки од имунолошкиот систем кои го поттикнуваат воспалението и повеќе го смируваат.

Според истражувачките докази, вакви процеси, односно премин од воспалителна во антиинфламаторна состојба со помош на сода бикарбона, се забележани и во бубрезите, крвта и слезината. Докажано е и дека типот на терапија со сода бикарбона е сосема безбеден.

Исто така, во претходните истражувања докажано е дека содата бикарбона ја намалува киселината во желудникот и на тој начин ги ублажува различните стомачни проблеми.

Сода бикарбона, исто така, има корисен ефект врз пациентите со зголемена слезина и го намалува воспалението на многу органи.

Ако одлучите да пробате терапија со сода бикарбона, тогаш секој ден промешајте половина лажичка сода во чаша вода или 3 g сода во 2 dl вода.