Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Отворен Балкан е позитивна иницијатива по сите основи – креира поголем пазар на капитал и раст на БДП

„Иницијативата Отворен Балкан по сите основи на економската логика е позитивна- креира поголем пазар на капитал, можности размена, како и зголемување на БДП на регионот“ изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека очекува на следниот самит во Охрид да се приклучат и други земји од Западниот Балкан во иницијативата, со што таа ќе може да носи бенефит за сите шест земји од регионот.

„Во моментот се работи на единствен ИД број којшто оние кои ќе решат својата кариера да ја продолжат во една од трите земји, тоа ќе можат да го направат на наједноставен начин преку овој број. Тој важи во сите три држави, без да мора да се бараат работни дозволи на секоја недела или секој месец” рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека вака целиот регион ќе стане попривлечен за ЕУ, бидејќи ниту една компанија нема да може да замижи пред голем пазар од 20 милиони луѓе.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК