Centar.mk
КУЛТУРА

Министерката за култура се заложи за соодветно вреднување на фондот на браќата Манаки во битолскиот архив

Широкиот спектар на материјални показатели содржан во фондот на браќата Манаки претставува солидна основа за да се пристапи кон нивно содветно вреднување, презентација и промоција, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, при денешната работна посета на битолското одделение на Архивот на Северна Македонија.

Костадиновска-Стојчевска, придружувана од директорот на Државниот архив на Северна Македонија, Емил Крстески, и директорот на Кинотеката, Владо Ангелов, во рамките на посетата на Подрачното одделение во Битола се запозна со Фондот 580: „Браќа Манаки – Битола 1853 – 1964“ за кој во согласност со Законот за архивското работење и Законот за заштита на културното наследство, како прва фаза, неопходно е да биде изработен елаборат за негова валоризација.

Министерката потенцира дека фондот депониран во оваа установа содржи материјални показатели, кои се од непроценливо значење за филмскиот опус и приватните аспекти од животот на доајените на филмската уметност на Балканoт.

Содржината на фондот претставува солидна основа за тој, со акт за валоризација, да биде прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, односно национално богатство, посочуваат од Министерството.

Можеби ќе ве интересира

Промовиран Дигиталниот архив на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“

ДЕСК

РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА ГОДИШНИТЕ НАГРАДИ НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ – Можат да се пријавуваат дела објавени во 2026 година

ДЕСК

МАНЧЕВСКИ СО ДВА ФИЛМА НА МЕЃУНАРОДНИ ФЕСТИВАЛИ – Македонскиот режисер пред публиката во Белград и Торино

ДЕСК