17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сојуот на синдикатите на Македонија реагира: Трајко Славески со неговите изјави да не ги поткопува позициите на синдикатите за зголемување на платите на сите работници

Соопштение на ССМ:

Му порачуваме на Професорот Трајко Славески, поранешен министер за финансии и член на раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ доколку како претседател на Советот на Град Скопје не става на дневен ред точка за зголемување на платите на работниците во Градот Скопје и Јавните претпријатија основани од Градот Скопје, со неговите изјави да не ги поткoпува барањата и позициите на ССМ и другите синдикати во преговорите за зголемување на платите на сите работници како во јавниот така и во приватниот сектор и го охрабруваме ден поскоро како претседател на Советот на Град Скопје да стави точка на дневен ред за усогласување на платите на работниците во Градот Скопје, Јавните комунални претпријатија и другите Јавни претпријатија во Градот Скопје со порастот на минималната плата за 18,4 % токму како што кажува неговиот лидер Мицковски.

Доколку веднаш не се направи зголемување на платите како во Градот Скопје така и во Општините каде што имаат мнозинство и градоначалници како политичка партија ќе сметаме дека сите нивни обиди се лицемерие и гол популизам кој е спротивен на интересите на работниците.
Огромен број на работници чекаат зголемување на нивните плати особено од носителите на функции на локално ниво во општините и јавните претпријатија основани од општините и доколку тие не испорачаат на работниците во овие тешки моменти за нив, работниците ќе знаат кој само зборува, а не делува и кој е против зголемувањето на работничките плати.

Спонзорирано: