Centar.mk
БИЗНИС

Германски увозник на гас: На Русите ќе им плаќаме во евра

Германската компанија VNG, која увезува гас, во иднина ќе прoследува евра за руски гас до „Гаспромбанк“ и не очекува проблеми при претворањето во рубли, соопштија од компанијата.

Со ова е исполнето најважното барање на Москва во рамките на новиот начин на плаќање на гасот.

VNG, којa е во мнозинска сопственост на германскиот регионален снабдувач EnBW, објаснува дека сè е во согласност со санкциите и дека сè има за цел да обезбеди снабдување и економска стабилност.

„Ќе продолжиме да добиваме сметка во евра и износот во евра ќе го плаќаме на сметката кај ‘Гаспромбанк’ согласно процедурата, за да може нашиот добавувач да добива навремени плаќања“, се вели во соопштението на VNG.

VNG нагласува дека поаѓа од тоа дека нема да има проблеми при размената од евра за рубли.

Посочуваат и дека немало проблеми при отворањето сметка во „Гаспромбанк“.

Од компанијата не одговорила на прашањето дали се отворени две жиро сметки, едната во евра, а другата во рубли.

Покрај Uniper и RWE, VNG е еден од најголемите увозници на руски гас во Германија.

Можеби ќе ве интересира

NVIDIA СЕ СООЧУВА СО НОВА КРИЗА – Управниот одбор разгледува чувствителни обвинувања

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ПОМАГА ВО СОЗДАВАЊЕ ЛЕКОВИ – Нов инвестициски фонд

ДЕСК

ANTHROPIC СЕ ПОДГОТВУВА ЗА БЕРЗАТА – Компанијата би можела да вреди над 1.400 милијарди долари

ДЕСК