Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трактор се превртел во Делчевско, повредени две лица

Две лица се тешко повредени кога со трактор излетале од патот во Делчевско.

Според информациите, несреќата се случила вчера на регионалниот пат од с. Разловци кон с. Тработивиште, кај местото наречено Лошана, во с. Разловци, Делчевско, кога трактор ИМТ, со делчевски регистерски ознаки, управуван од Ѓ. С. (53), каде што сопатничка била Ј. С. (45), двајцата од с. Разловци, излетал од коловозот.

Во несреќата возачот и сопатничката добиле тешки телесни повреди, констатирани од лекар од итната медицинска помош по што се пренесени во Медицинскиот центар во Штип за укажување лекарска помош. Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Делчево.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК