Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ се оградува од непромислените постапки на советниците во Лозово, Надзорниот одбор започна соодветна постапка

Соопштение за јавност

СДСМ ја информира јавноста дека не се целосно точни пласираните информации дека симболот на поранешното знаме (Сонцето од Кутлеш) со одлука на советот на општина Лозово е веќе официјално знаме на општината.

Не станува збор за донесена одлука на Советот туку за Заклучок со којшто се задолжува општинската администрација да провери дали овој симбол на поранешното знаме може да биде официјално знаме на општина Лозово.

Иако не станува збор за конечна одлука, СДСМ се оградува од ова несоодветно однесување на советниците коешто може да се толкува дека е во спротивност пред сѐ со државните интереси, со добрососедските односи со Грција, но и со политиките и статутарните одредби на СДСМ.

Вакви непромислени постапки може да отворат прашања за непочитување на меѓународните договори, што негативно влијание на стратешките интереси на државата. Во конкретниот случај, Преспанскиот договор, кој директно го овозможува нашето членство во НАТО и го помага процесот на преговори со ЕУ.

Во интерес на нашата држава е да го почитуваме и доследно да го имплементираме Договорот што помогна да ја надминеме најголемата пречка што го блокираше нашиот меѓународен развој.

Во оваа насока, информираме дека Надзорниот одбор на СДСМ започна постапка, го разгледува овој случај и утврдува прекршување на етичкиот кодекс и статутарните одредби. Врз основа на одлуката на ова партиско тело ќе произлезат одлуки дали советниците на СДСМ ќе бидат исклучени од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +