Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Досегашната шефица на Инспекцискиот совет Филиповска-Грашкоска ќе го предводи ФЗО

Владата соопшти дека на денешната седница го разрешила од должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Стево Крстевски, а за вршителка на должноста директор на ФЗОРСМ ја именува Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Филиповска-Грашковска досега беше претседателка на Инспекцискиот совет, владиното тело кое врши надзор над сите инспекциски служби. Таа е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет, додаваат од Владата.

На истата седница, Владата препорача да биде отповикан од функцијата генералниот директор на Пошти на Северна Македонија, Јани Макрадули, а на негово место да биде назначен Васко Стефанов, кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување.

Од владината служба за информирање соопштија дека за в.д. претседател на Инспекцискиот совет на денешната седница Владата ја именувала Даниела Рендевска, досегашен генерален секретар на Советот.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК