Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Маричиќ: 3.5 милиони евра од ЕУ вложени во возила за отпад на македонскиот исток и северо-исток

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ:

Одржување на чиста и здрава животна средина по ЕУ стандарди, со поддршка на европските фондови.

📌 Обезбедени возила за комунална хигиена преку проектот за Поддршка во воспоставување регионален систем за управување со отпад.
Набавката и ставањето во употреба на возила за прибирање отпад во Источниот и Североисточниот плански регион овозможија да се оптимизира работењето на комуналните служби за да се обезбеди навремено испорачување на комуналните услуги во корист на граѓаните и отпадот да се испорача до локациите наменети за одлагање отпад со што ќе се заштити средината од неконтролирано одлагање на отпад во согласност со стандардите на ЕУ.

💶 Вредностa на овој проект e 3,597,440.00 евра, од кои 85% се 🇪🇺 средства.

Мораме заеднички да ги менуваме навиките и по европски терк, во однос на складирање и селектирање на отпадот, да го решаваме проблемот со дивите депонии.

Како Национален ИПА координатор останувам посветен на максимално искористување на ЕУ помошта преку Програмата ИПА за спроведување на реформите од клучните и приоритетни области, како и активностите кои произлегуваат од Зелената агенда.

Можеби ќе ве интересира

Собранието отворено за идеите и предлозите на младите за справување со дезинформациите и предизвиците на дигиталната ера

ДЕСК

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

ДЕСК

Членките на Извршниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со осуда кон изјавите на Петар Богојески

ДЕСК