Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

174 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден (13.04.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 174 пешаци од кои, 144 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, осум за минување на црвено светло… Од нив 32 на територија на СВР Битола, 27 на територија на СВР Тетово…

За време на контролата регистрирани се и 114 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО, ВИДЕО) Тешка ноќ за преспани – Се излеа Голема Река кај Ресен, поплави и во неколку села

ДЕСК

Почнаа врнежите на снег вечерва во делови од Македонија

ДЕСК

Циклонска офанзива ја погодува Македонија: Снег и застудување во следните денови

ДЕСК