Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Северна Македонија е безбедна со западните земји и членките на НАТО

“Јас сум горд што Северна Македонија е на страната на мирот, на сигурноста, на безбедноста, заедно со целиот демократски свет и особено заедно со НАТО” изјави експремиерот Зоран Заев во интервју за “Ајидисис”.

Тој додаде дека војната мора да биде заменета со мир и насилството да се замени со дијалог.

“Нема ниту едно оправдување во 2022 година да сведочиме воени инвазии врз демократска и суверена земја, врз население кое одлучило да создаде своја, независна држава. Украина и Европа веќе нема да се исти” рече Заев.

Поранешниот премиер рече дека светот веќе никогаш нема да гледа на руските власти на ист начин, бидејќи Русија избра насилство и поради тоа предизвика лавина санкции од демократскиот свет.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 3.1 степени почуствуван во југозападна Македонија, епицентарот близу Корча во Албанија

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите со нови најави за следните 4 дена

ДЕСК

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани (фото,видео)

ДЕСК