Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски: МВР за 50 отсто ја подобри ефикасноста во борбата против корупцијата

„Само во 2021 година ја зголемивме ефикасноста, односно откривачката улога на државата против корупцијата за 50 отсто. Во 2020 имавме 77 окриени кривични дела за корупција, додека во 2021 година таа бројка порасна на 114 кривични дела“ изјави министерот за внатрешни работи Олвиер Спасовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека материјалната штета на откриените кривични дела за корупција во 2021 година изнесувала 97,3 милиони денари.

„Ова говори дека треба мултисекторски да се работи во борбата против корупцијата, но и да се зајакнува јавната свест за пријавувањето на корупција. Корупцијата не смее да ни стане начин на живот“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека сите институции треба да преземаат мерки за намалување на можностите за корупција и изрази задоволство од преземените мерки во последните години поради напредокот на земјата на меѓународните листи за борба против корупцијата.

Спонзорирано: