Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски: Локацијата на инцидентот со ракометарот ја добивме од Брзата помош откако моравме да испратиме барање

„Пријавата за пронајденото лице до МВР доаѓа од Клиничкиот центар, а податоците за локацијата од каде е подигнато лицето од брзата помош. Информациајта за локацијата ја добивме со задоцнување, бидејќи брзата помош бараше по писмен пат да побараме откривање на локацијата“ рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека откако МВР испратило писмено барање ја добиле информацијата, по што се прегледани камерите и е утврдено нарушувањето на јавен ред и мир и започнати се истражните дејствија за убиството.

„Одговорите зошто барањето морало да биде на писмено треба да ги даде брзата помош и здравствениот орган. Ние информацијата ја побаравме како истражен орган“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека случајот со убиството бил решен во рок од 24 часа, по прегледувањето на снимките и обезбедувањето на сите докази.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК