16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Молк од ВМРО ДПМНЕ по црната листа на САД дека Груевски бил корумпиран

Молк од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ по ставањето на црната листа на САД на поранешниот премиер Никола Груевски и ексшефот на УБК, Сашо Мијалков поради нивна вмешаност во висока корупција.

Од Стејт департментот истакнуваат дека Груевски бил вмешан во коруптивни дела и злоупотреба на политичко влијание и моќ за лична корст, како и злоупотреба на функција, присвојување на државни средства и мешање во изборни процеси со политичко корсти за себе и партијата.

Со ваквата одлука уште еднаш се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ владееше режимски 11 години и дека Груевски и Мијалков ја заробија државата за своја лична финансиска и политичка корст.

Дека режимската матрица се уште е активна во ВМРО-ДПМНЕ покажува и фактот што актуелното раководство на опозицијата не се оградува од Груевски и не ја коментира ваквата одлука на нашиот најголем стратешки партнер, САД.

Спонзорирано: