Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Усогласување на платите ќе има, но сите треба да сме свесни за состојбата

„Ние сме кажале и докажале дека подобрувањето на животниот стандард ни е највисок приоритет во Владата. Просечната плата е зголемена од 21 на 30 илјади, минималната од 9 на 18 илјади. Усогласувањето исто така ќе се случи, но мора сите да сме свесни за состојбите во кои се наоѓаме“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека не треба да се креваат очекувањата во период кога неколку различни кризи ескалираат низ цела Европа со висока инфлација, енергетска криза, криза во прехранбениот сектор и голема неизвесност поради војата во Украина.

„Не може да ги имаме истите очекувања, дека ќе има 70 отсто раст на платите во образованието. Владата сепак има должност да се грижи и да ја сочувава макроекономската стабилност. Нема да имаме никаков ефект од растот на платите, ако со тоа предизвикаме раст на инфлацијата“ рече Битиќи.

Вицепремиерот истакна дека мора да се најде системско решение за целиот јавен сектор, не само за образованието, за да не се случи по пет месеци повторно да има штрајкови.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК