Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тамам децата почнаа настава со физичко присуство, со штрајкот треба да седат дома – Се огласи министерот Шаќири кој обелодени дека досега наставниците добиле 21% покачување на платите, но и дека во тек се преговори со СОНК

По најавата за штрајк на наставниците во понеделник, се огласи и Министерот за образование Јетон Шаќири на социјалните мрежи:

По надминувањето на предизвиците со пандемијата, сега кога конечно се воспостави континуитет на настава во училиштата, учениците мора да останат таму каде што им е местото – во училниците. Повторно прекинување на воспитно – образовниот процес и нивно затворање во домовите не е добра опција. Затоа, апелирам до сите кои се засегнати од предизвикот за кој Владата и СОНК ќе продолжат да дебатираат во рамки на социјалниот дијалог, да продолжиме да делуваме водејќи се според најдобрите интереси на младите и постапувајќи согласно законските прописи, кои всушност и го гарантираат правото на образование.

Секако дека нашата намера е да излеземе во пресрет на барањата на наставниците за повисоки плати и тоа со методолошки пристап, како во изминатите три години, кога во три наврати ги зголемивме личните приходи на наставниците за над 21%.

Иако работиме во вонредни околности и услови на актуелна здравствена, но и економска криза, решение бараме и ќе најдеме, а од истото ќе нема незадоволни страни.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК