Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска во Тирана присуствува на конгресот на Социјалистичката Партија, каде е и панелист во делот на кој се разговараше на темата „Регионот, Европа, Безбедноста“.
Обединетиот глас на Албанците од Западен Балкан треба да биде столбот на евро-американскиот дух на нашиот регион, со конститутивен и суштински пристап во обликувањето на стратешките приоритети на нашите земји за регионот и за претставувањето на регионот во политиките на целосната интеграција, рече меѓу другите Груби во својот говор.
Во продолжение следува интегралниот говор:
„Ви благодарам многу за поканата и можноста да бидам дел од Конгресот на Социјалистичката Партија и во овој случај ви упатувам братски поздрави од мојот претседател Али Ахмети, со најискрени честитки за успешен Конгрес.
Мило ми е што не собравте сите во Тирана, од Скопје, Приштина, Прешево, Црна Гора, регионот и Европа.
Несомнено, надворешната политика, односите со Европа, безбедноста и меѓусебните односи на земјите од Југоисточна Европа, се акутни теми за кои со последните настани во Источна Европа треба да се мултиплицираат активностите и да се третираат овие прашања повнимателно од кога било.
По интензивната соработка меѓу нашите политички сили во рамките на Западен Балкан, единствена цел има да се отстранат дисонансите за неспорната цел кон патот или патеките кои ќе не водат до заедничката цел, интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Обединетиот глас на Албанците од Западен Балкан треба да биде столбот на евро-американскиот дух на нашиот регион, со конститутивни и суштински пристапи во обликувањето на стратешките приоритети на нашите земји за регионот и за претставувањето на регионот во политиките на целосната интеграција.
Во секој проект на регионална соработка, еден од нас е најмалку трет, а во некои случаеви дури и четврт, и следствено, ниту една одлука за целиот регион и шесте од Западен Балкан не може да се донесе без наша согласност и затоа не треба да се двоумиме од иницијативите за дијалог и соработка.
Јасно е дека секоја наша земја има свои карактеристики, но во овој контекст би подвлекол дека институционалната и националната координација или постојаните консултации како денешните се повеќе од неопходни, пред да ги поставиме нашите позиции пред институциите на ЕУ или другите регионални и меѓународни субјекти.
Сепак, за нас Европската интеграција е единствената алтернатива.
Европската Унија нема друга алтернатива освен итно интегрирање на регионот.
Јасната перспектива за членство во ЕУ е од суштинско значење за стабилноста на регионот, затоа проширувањето мора да се изврши веднаш, веднаш, без одлагање и без никакви двоумења.
Колку е подалеку Брисел, толку е поблиску Москва.
Колку помалку Европа на Балканот, толку повеќе простор за Русија.
Украина не е далеку и сите ги чувствуваме последиците.
Солидарноста денес со Украина несомнено значи интеграција без ниту едно одложување на Албанија и Северна Македонија, заедно, неразделни како и што вели вашето денешно мото на овој конгрес.
Бидејќи Балканските конфликти не беа доволни сигнали за потребата од Европска интеграција на регионот, тогаш Украина е аларм за сите доцнења и недостигот на консолидација на надворешната и безбедносната политика на Европската Унија.
Почитувани,
Во 2008 година во Букурешт, билатералниот спор со Грција не одвои од нашето заедничко патување со Албанија и Хрватска кон НАТО.
Оваа затворена врата и немањето перспектива не доведе до изразот „заробена држава“ и е една невидена криза.
Попуштивме и се пожртвувавме како ниедна друга земја со цел да бидеме дел од НАТО, со 11 години задоцнување, но вредеше.
Денес, во 21 век, уште една апсурдна полемика од 18 век ни ја држи вратата на Брисел затворена во лице.
Ни се случува Мариупол, Буча, Киев, Луганск, Доњецк, војни, здравствени кризи, економски, воени кризи, вртоглави цени и несигурност насекаде, а ние во 2022 година треба да одлучиме кој што бил и на кој јазик зборувал во 1945 година.
Гледам дека Европската Унија ја изгубила лозинката за надминувањето на насобраните проблеми и не може да ја најде затоа што некој ја сменил и во последните 50 дена до ден денес лозинката е Украина, со големо У“, вели Груби.