12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај село Колари: Се судрија фиат дукато и тигуан, има повредени

На 06.04.2022 во 14.50 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Колари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат дукато“, управувано од З.А.(62) од тетовското село Камењане и патничко возило „фолксваген тигуан“, управуван од М.Г.(55) од тетовското село Селце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „фиат“ З.А. и И.Г.(45) од с.Стрелци, сопатник во возилото „фолксваген“, а возачот М.Г. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

*фотографијата е илустративна и не е од актуелниот настан