16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски – Едштадлер: Сега е совршен момент за почеток на пристапните преговори за Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на работната посета на Република Грција по повод учеството на економскиот форум „Делфи“, оствари средба со австриската министерка за европски прашања, Каролин Едштадлер.

Ковачевски и Едштадлер го изразија заемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји, што се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

Австрија е еден од најголемите инвеститори во земјата со над 45 компании присутни на пазарот во нашата земја, потенцира на средбата Ковачевски и додаде дека оптимистички дејствува и најавениот интерес на австриските компании да вложуваат во секторите енергија, градежништво, банкарство и осигурување.

Ковачевски и Едштадлер разговараа и за можностите дополнително да се поттикне економската соработка меѓу двете земји за што потенцијал се гледа и во постојаниот раст на трговската размена, која минатата година достигна 200 милиони евра, со што е забележан раст во однос на 2020 година кога трговската размена оствари вредност од 176 милиони евра, информираат владините служби.

Во однос на заедничкиот интерес за прашањата за интеграцискиот процес на Северна Македонија, Ковачевски на средбата истакна дека сега е совршениот момент за итно забрзување на процесот за отворање на пристапните преговори за Северна Македонија затоа што на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да се гледа од геополитички аспект како безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа.

Северна Македонија, нагласи Ковачевски, постигна 100 % усогласеност со надворешната политика на ЕУ и како кредибилен партнер ги споделува истите вредности на слободниот и демократски свет.

Северна Македонија ја осуди руската агресија на Украина и заедно со земјите членки на ЕУ и НАТО неиспровоцираната и неоправдана војна на територијата на една суверена држава ја оцени како најсериозна закана за европската безбедност по Втората светска војна, која нанесе огромно страдање на украинскиот народ, се додава во писмената информација по оваа средба.

На средбата било изразено задоволството на двете земји во соработката на безбедносните прашања со постојната поддршка на австриските полицајци во процесот на надзорот и контролата на македонската јужна граница, како и од помошта со противпожарни сили за време на летните пожари во Северна Македонија во 2021 година.

Спонзорирано: