Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата годинава планира осум проекти за набавка на борбени возила и оружје

По предлог на Министерството за одбрана, Владата на денешната седница ја усвои информацијата и го донесе годишниот план за склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2022 година.

Како што информираат од владината прес-служба, планот содржи 8 проекти што ќе се реализираат преку склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на НАТО.

„Во согласност со планот за модернизација на Армијата предвидени се набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО-систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили“, се наведува во соопштението.

Во него се нагласува и дека со наведената опрема ќе се зголемат опременоста на Армијата и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК