Претседателот на Собранието, Талат Џафери, тврди дека ја oткажал седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните што ја закажал нејзиниот претседател Халил Снопче бидејќи нејзиното закажување не било деловничко.
На дневниот ред на оваа седница имаше точки за пожарот во модуларната болница, автобуската несреќа во Бугарија и за состојбата во Министерството за одбрана (МО).
Џафери реагира дека не штити никого за кого надлежните органи и институции ќе констатираат дека имаат одговорност за случувањата на тие настани.
Џадери образложи дека Снопче требало да побара информација од МО, да почека таа да му биде дадена и потоа да ја достави на разгледување во Собранието. Со оглед дека тоа не го направил, Снопче не ги почитувал процедурите и затоа тој како претседател на Собранието, а врз основа на овластувањата од член 60 од Деловникот, ја донел одлуката за отповикување на закажаната собраниска комисија.
Покрај информацијата за МО, за пожарот во модуларната болница во Тетово и за автобуската несреќа во Бугарија не можело да се расправа во Собранието затоа што тие сè уште се во истражна или судска постапка, рече Џафери.
Вчера, пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија, Халил Снопче, го обини Џафери дека незаконски и неделовнички ја откажал седницата на оваа комисија. Реагираа и семејствата на жртвите од несреќата во Бугарија.