Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Да немавме мерки граѓаните ќе плаќаа 1 500 повеќе за храна и над 2 000 денари за струја

„За сите антикризни мерки на владата направивме анализа, која ќе биде објавена и која ќе ги покаже нивните ефекти врз стандардот на граѓаните. Доколку не беше мерката за намалување на ДДВ на основните продукти, граѓаните ќе плаќаа 1500 денари повеќе месечно и доколку не се субвенционираше струјата, сметките ќе беа за 2150 денари повисоки“ рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека со антикризните мерки се влијаеше за граѓаните да не почувствуваат шокови од кризите кои го зафатија целиот свет.

„Мислиме на најранливите 35 илјади граѓани и обезбедуваме 1000 денари дополнителн оза храна, за пензионерите ја зголемивме пензијата, мислиме на најмалку платените вработени и ја зголемивме минималната плата“ рече Ковачевски.

Премиерот додека дека и само од намалувањето на ДДВ на енергенсите, односно на нафтата, граѓаните заштедуваат по 300 денари.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година

C +

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи

C +

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

C +