Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Законот за употреба на јазиците да се имплементира соодветно според резултатите од пописот, бараат од Партијата на Турците

Задоволувачки факт е што по две децении Македонија успеа прилично успешно да ја комплетира оваа обемна статистичка операција преку која добивме доста клучни демографски податоци со кои ќе развиеме попрецизни и реални политики, соопшти Партијата за движење на Турците.

„Првичните анализи покажуваат дека во општините Карбинци, Конче и Василево бројот на граѓаните од турската заедница е над 20 %, со што се овозможува службена употреба на турскиот јазик и писмо во рамките на локалната власт, регулирано според Законот за употреба на јазиците. ТХП апелира до овие општини, без никакви одлагања, да ги почитуваат законските обврски, а исто така во духот на едно општество, по примерот на општините Кичево, Чаир, Гостивар, очекуваме добра волја за службена примена на турскиот јазик и од локалните власти на општините Долнени, Дебар, Радовиш и Валандово, во кои процентот на граѓаните од турската заедница прилично се зголемува“, велат од партијата.

ТХП според добиените податоци од пописот очекува подобрување на правичната и соодветната застапеност на турската заедница, отворање паралелки на турски мајчин јазик во повеќе средини. Исто така, очекуваат пописот да придонесе за зголемување на демократскиот капацитет и вредностите на целокупното општество како во иднина би се елиминирале актуелните недостатоци и слабости на попишувачкиот процес.

Можеби ќе ве интересира

17 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возила – еден предизвика сообраќајна незгода

ДЕСК

Акциска сообраќајна контрола во Скопје, санкционирани 105 возачи, 50 за возење без кацига

ДЕСК

„ЕУ за општините“ со нов практичен прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот

ДЕСК