2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Од ДИК ја објаснија недоумицата зошто има повеќе гласачи од попишани граѓани

Во врска со информациите кои се појавија во одредени медиуми, а по официјалното објавување на резултатите од Пописот 2021 година, Државна изборна комисија известува и појаснува за следното:

Методологијата и условите за ажурирање на податоците во Избирачкиот список и евиденцијата на уставно загарантираното избирачко право е различна и нема никаква поврзаност со методологијата за попис на населението, што значи дека Избирачкиот список и пописот на населението се две различни категории регулирани според посебни законски критериуми.

Избирачкото право е уставна категорија и е уставно загарантирано право.

Согласно Уставот, секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.

Согласно уставната дефиниција за избирачкото право Изборниот законик предвидува дека:

Право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во РСМ;

Избирачкиот список е јавна исправа во која се запишани граѓаните со избирачко право;

Избирачкиот список се води според Регистарот на државјаните, а во Избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на гласањето, кои имаат живеалиште на територијата на РСМ, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа;

Во Избирачкиот список се запишуваат и сите државјани на РСМ кои се на привремена работа или престој во странство, со живеалиште на територијата на РСМ и со важечка патна исправа. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во РСМ.

Податоците за евиденција во Избирачкиот список, согласно Член 43 од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги добива од Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +