2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Мерките на Владата се за намалување на ценовниот шок

Целта на сите мерки коишто беа донесени е да се намали ценовниот шок и да не се прави профитерство во едно вакво кризно време, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.

Таа рече дека со намалувањето на стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти за основната храна прибирањето на средства од име на ДДВ ќе се намали за околу 430 милиони денари и за околу 400 милиони денари во делот на намалувањето на стапката за нафтените деривати.

Меѓутоа, ако во делот на наплатата на даноците продолжиме со ова темпо на собирање на приходите, мислам дека нема ни да се почувствува било какво пореметување во динамиката на собирањето на даноците, рече Лукаревска.

Таа соопшти дека од почетокот на годинава досега е собрано ДДВ за 30,6% повеќе во однос на истиот период од 2021 година, а дури 41,5 % во споредба со 2020 година, а кај данокот на добивка приходите се повисоки за 24% во однос на 2021 година и за 26,46% во однос на 2020, раст се бележи и кај другите даноци.

Во целиот период редовно се врши исплата повратот на ДДВ за компаниите, нагласи Лукаревска.

Во врска со проектот МојДДВ, Лукаревска рече дека ќе продолжи да се реализира и го истакна неговото значење во борбата против сивата економија и неиздавањето на фискални сметки.

Со намалувањето на стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти, граѓаните веднаш заштедуваат на ДДВ, без да чекаат на поврат од Мој ДДВ, рече заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +