2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Граѓаните алармираат, ние постапувавме, заедно ги ловиме оние што кршат мерки

„Утврдивме во различни градови, а кај подружници на исти маркети дека се уште на фискалните сметки стоеше 5 отсто ДДВ за оние производи каде што требаше да стои 0. Граѓаните алармираа и ние секако постапивме на терен“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Економски магазин“ на АлсатМ.

Таа додаде дека УЈП извршила контроли не само во големите маркети, туку и во месарите и млечните рестори за да се види колку се почитува одлуката на Владата.

„Целта на сите мерки што беа донесени беше да се намали ценовниот шок и да не се прави профитерство во кризно време. А дали целта на даночните обрзници беше дека сакаа да го изиграат системот ќе треба да ги прашаме нив. Ние бевме будното око на граѓаните за да превенираме неправилности“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека од 611 контроли биле издадени 114 казни и најави дека акцијата на УЈП ќе продолжи и во останатите ланци на маркети во следниот период.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

ДЕСК

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

C +