Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Левица работи против државните интереси, после 20 години имаме успешен попис кој не успеаја да го спречат, објави СДСМ

Соопшение на СДСМ:

После 20 години умаме успешен попис, спроведен по највисоки светски стандарди на ЕВРОСТАТ, признаен од сите меѓународни и домашни релевантни фактори.

Не успеаја повиците на Левица за бојкот на пописот, ниту пак обидите да биде попречен и да не се одржи.

Тоа е пораз за сите деструктивтни сили кои работата против државните интереси како што е Левица.

Прифаќањето на резултатите веќе е потврдено со искажувањето волја на огромното мнозинство граѓани да се попишат.

Пописот е важна статистичка операција и не треба да се политизира. Напротив, тој е доказ за кохезијата на македонскиот народ и нашето мултиетничко општество.

Со добиените резултати, сега државата, институциите, имаат чиста слика за сите важни податоци, за бројот и структурата на населението, за состојбата со општините и регионите.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК