Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Битолчанец фатен при кражба на 260 литри нафта

На улицата Македонска фаланга во Битола, утрово, во 5.15 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И. М. (48) од овој град.

Како што информираат од МВР, тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта.

48-годишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +