17.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Се огласи бегалецот Никола Груевски: Камчев ако сака нека даде и пет милиони евра само мене да не ме меша

Поранешниот премиер Никола Груевски излезе со реакција по денешното рочиште во случајот „Плацеви на Водно“ во кој и тој е еден од обвинетите. На денешното рочиште, еден од сведоците, Мето Стојчевски, кој е зет за сестра на Орце Камчев, кој исто така е обвинет тврдеше дека Груевски имал три стана во комплексот „Панорама“.

Груевски во објавата на Фејсбук посочува дека тој нема против Камчев не станови во вредност од 1,3 милиони евра, туку и 5 милиони евра да им даде, ако сака и болницата и банката нека им ги даде за да си ја купи слободата, но да не го мешал него (Груевски) таму каде знае дека немал ништо и да не им ги потврдува лажните конструкции со кои власта која врши политички прогон против него по секоја цена сака да го прогласи виновен, за нешто со што вели дека никаква допирна точка, вели бегалецот Груевски.

Груевски тврди дека веќе се наѕира конструкцијата која Јордан (Орце) Камчев и обвинителката Лиле Стефанова во последните 2-3 недели ја направиле со следните цели.